Тапетите повторно се во мода, па производителите се обидуваат, покрај класичните дезени, на пазарот да понудат што покреативни ѕидни облоги.

За разлика од оние кои ги паметиме од куќата на баба, тапетите денес се неспоредливо со подобар квалитет, лесно се отстрануваат и се перат. Се нудат многу различни бои, текстури и шари, од класични до оние кои ги следат последните дизајнерски трендови.

Во зависност од тоа какви тапети сте избрале, собата може да изгледа поголема, помала, потопла или посветла.

Со правилниот избор можете да сокриете и некои недостатоци на ѕидовите. Ако сакате визуелно да го зголемите просторот, изберете тапети со ладни бои, како на пример зелена, сина или виолетова. Од друга страна, црвената, жолтата и портокаловата обезбедуваат чувство на топлина, овие нијанси се вистински избор за темни простории и соби свртени кон север.

За соби без прозорци, побарајте тапети со посветли бои, а добро ќе изгледаат тапети со металик или седефаст ефект.

Тапетите може да ја променат атмосферата во вашиот дом
Тапетите на мазни површини рефлектираат светлина, темните бои ја впиваат светлината, па така просторијата изгледа помала, додека тапетите со текстура се препорачуваат за прикривање на ситни недостатоци на ѕидот.

Кога ќе избирате тапети, имајте ја во предвид основната намена на просторот што го уредувате, бидејќи од тоа ќе зависи општата атмосфера. Млади, динамични и весели луѓе треба да изберат тапети со ситни, правилно распоредени мотиви.

Тапети со линии и други вертикални шари, кои ја истакнуваат висината, создаваат впечаток на класична елеганција, дури и во многу современо опремени ентериери.

Вертикални шари, вклучувајќи ги цветните мотиви, визуелно ја зголемуват висината на таванот, а хоризонталните линии ја нагласуваат ширината.

Со тапетите не мора да ја обложите целата просторија, напротив. Вашата соба ќе заблеска доколку тапетите ги залепите само на еден ѕид или столб, но внимавајте на усогласеноста на боите.
Picture
 
 
Зошто е подобро да поставите тапети ?

1. Пониска цена
Во однос со продуктите за осликување на површини, тапетот е поевтина и временски поисплатлива инвестиција.

2. Поставувањето на тапет е чиста постапка
При работа со бои за ѕид, насекаде се прави неред, несаканите капки од боја се сушат и тешко се отстрануваат. Поставувањето на тапетот е постапка при која не се валка .

3. Брзо поставување
Се е завршено кога е поставен тапетот. Можете да уживате во ентеиерот без да чекате ѕидот да се суши, а непријатната миризба ја нема.Го поставувате каде сакате и кога сакате

4. Тапетите нудат совршени ефекти
Аrt ефектите како обработка на површините се досатпни во форма на тапет. Тапетот нуди безбедност дека резултатот ќе ги исполни вашите желби.

5. Лесни за одржување
Тапетот е многу полесен за одржување во однос на бојадисуваниот ѕид, лесно се брише со влажна крпа или четка. Некои тапети се отпорни и на уметничките дела кој вашето дете ке сака да ги одслика со неговите боици.

6. Тапетот секогаш ја нуди вистинската боја
При мешање на бои, бојата добиена во продавница често не е иста кога истата е аплицирана на ѕидот бидеќи кога ке се исуше бојата се добива потемна нијанса. Тапетот нуди можност за амбиентална анализа која никогаш не отстапува од реализацијата.


7. Задоволството е поголемо
Тапетот Ви нуди задоволство уште на првиот поглед. Различните дизајни и бои создаваат чувство на пријатна атмосфера и внесуваат свежина во вашиот простор

8. Допирот е неверојатен
Пријатните материјали лесно се адаптираат на поставената површина, а усте полесно ги разбудуваат уабвите чувства кога ке се допрат


9. Нова димензија на вашиот простор
Тапетот ви овозможува чувство на припадност, сигурност...Прави чуда со просторот-го истакнува, го издолжува, декорира и сето тоа по ваша желба. Едноставно и брзо, добивате нов изглед на вашиот простор
Picture
 

    Author

    Завеси Славица

    Archives

    May 2010

    Categories

    All